Скопје – 03 октомври 2017 година

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА


ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов и деканот на Факултетот за безбедност – Скопје Никола Дујовски потпишаа анекс меморандум за соработка, со кој е предвидено Факултетот да се вклучи во многу активности кои ќе ги спроведува Агенцијата во наредниот период, посебено во делот на обука на кадри и внатрешен тренинг на вработените. Директорот Иванов, кој одржа предавање пред студентите на Факултетот, посочи дека денешното опкружување и безбедносните закани, кои се присутни во земјата и надвор, не дозволуваат да работиме сами, бидејки во тој случај ништо не може да се постигне.