Вработувањето во Агенцијата за разузнавање не се одвива по јавно објавен оглас. Агенцијата за разузнавање ги охрабрува сите лица да се пријават за работа.
Покрај политичките, правните, економските и безбедносните кадри, Агенцијата има потреба од лингвисти, инженери, ИТ-инженери и други профили.

Задолжителни податоци во биографијата:
1. Име и презиме
2. Датум на раѓање и место
3. Државјанство
4. Двојно државјанство
5. Постојана адреса на живеење
6. Контакт (телефон, е-пошта)
7. Стручна подготовка
8. Работно искуство
9. Посебни вештини
10. Зошто сакате да работите во Агенцијата за разузнавање