ПОМОШ ОД ГРАЃАНИТЕ
Граѓаните на Република Македонија може да доставуваат информации до Агенцијата за разузнавање поврзани со какви било закани по државната безбедност и интересите на РМ. При тоа, Агенцијата за разузнавање гарантира за анонимноста на граѓанинот кој ќе достави таква информација. Доколку Агенцијата процени дека доставените информации се од интерес за националната безбедност, ќе ја провери веродостојноста на истите и лице од АР ќе го контактира граѓанинот за повеќе детали. Истакнуваме дека секоја злоупотреба, односно доставување лажни информации се законски казниви согласно важечките правни акти на Република Македонија.

Сите безбедносно поврзани информации може да ги доставите и по пошта:
Агенција за разузнавање,
Бул. III Македонска бригада, бр.67
1000 Скопје, Република Македонија