Директорат за техничко разузнавање и информатичка подршка

Директоратот за техничко разузнавање и информатичка подршка е надлежен за одржување на заштитените комуникациски мрежи и канали за безбедна размена на информации во земјата и странство. Изготвува програмски апликации за комплетна поддршка на Агенцијата при извршување на нејзините надлежности согласно Законот за Агенцијата за разузнавање.