Општествена одговорност

Согласно начелата за општествена одговорност, Агенцијата за разузнавање постојано тежнее кон воспоставување на општествено корисни практики коишто се насочени кон подобрување на односите и условите за работа на вработените, етичкото управување, заштита на животната средина и вложување во заедницата.

  • Во просториите на Агенцијата од минатата година се одржуваат крводарителски акции. Досега се организирани две успешни акции и тоа на 04/05.02.2014 и 18.11.2014.
  • За Новогодишните празници, Агенцијата за разузнавање со свои капацитети традиционално приредува новогодишна забава со детска претстава за децата до 11-годишна возраст на вработените.
  • Агенцијата за разузнавање има воспоставено пракса за собирање донации од вработените коишто се наменети за потребите на СОС село.
  • Директорот на Агенцијата за разузнавање организираше ифтар за вработените со муслиманска вероисповед.
  • Во просториите на Агенцијата има фитнес-сала со модерни справи за вежбање којашто е ставена на располагање на вработените.
  • Од оваа година, Агенцијата ќе организира спортски игри двапати годишно. Првите спортски игри на вработените на Агенцијата ќе се одржат септември 2015.
Во рамките на Агенцијата самостојно функционира и Основна организација на Агенцијата за разузнавање при Македонскиот полициски синдикат