Приоритети на Агенција за Разузнавање


Приоритет во активностите на АР се следните стратешки области на делување:

  • Идентификација на заканите и оперативно-разузнавачко делување
  • Превенција на заканите
  • Информирање на државниот врв
  • Меѓународна билатерална и мултилатерална соработка
  • Меѓуинституционална соработка
  • Законитост и јавност во работата

Основни принципи врз кои се темели нашата работа се законитост, професионалност, објективност, транспарентност и заштита на човековите слободи и права. Активностите на Агенцијата за разузнавање се планираат и насочуваат согласно Програмата за работа која се изготвува во почетокот на секоја година и претставува краткорочен плански документ за приоритетната разузнавачка активност при што целокупното делување се заснова и на стратешките документи на државата – Националната концепција за безбедност и одбрана каде се дефинирани конкретните ризици и опасности по безбедноста.