Симболи на Агенција за разузнавање на РМ


Амблем - Грб на Агенција за разузнавање

Грбот/амблемот на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија преставува, осмокрако дивергентно сонце, обратно обоено и на аплицирано на кружен штит поделен на осум златно-жолти и осум темноцрвени зраци кои завршуваат со обратно обоен раб на штитот. Под штитот е аплициран венец од две гранчиња со желади од македонски даб (Quercus Macedonica) се преплетени со две темноцрвени ленти споени златен клуч. Над штитот во кружна форма е ставен тест “Агенција за разузнавање“





Службен документ на вработените во Агенција за Разузнавање

Според законските одредби за разузнавачко делување, може да се наведат следните овластувања на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија: вработените имаат право да собираат податоци, известувања и информации од делокругот на работата; вработените на посебни работни места во Агенцијата имаат Службени документи што ја издава директорот; службениците кои поседуваат Службени документи, можат да се идентификуваат кога ги исполнуваат официјалните задачи во Република Македонија.





Сувенир на Агенција за Разузнавање

Официјалниот сувенир на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија е во вид на златен клуч на кој во горниот дел е аплициран грбот/амблемот на Агенцијата, осмокрако дивергентно сонце поставено на кружен штит во златно-жолт и темноцрвен колорит со обратна обоеност на симболите и бордурата. Околу штитот е поставен текстот АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ/INTELLIGENCE AGENCY. Самото тело на клучот во долниот дел формира визуелна претстава на два желада од македонскиот даб (Quercus Macedonica).





Знаме на Агенција за Разузнавање

Вработените во Агенцијата за разузнавање се одликуваат со сплотени карактеристики коишто ги исполнуваат побарувањата на работните задачи. Тие лица се пред сè доверливи, одговорни и лојални и имаат изградено личен интегритет како морални личности. Вработените во Агенцијата се интелигентни и образовани, но и подготвени постојано да ги надградуваат своите знаења и вештини. Динамиката, како дел од нивниот карактер, надополнета со компонентата на свест и совест ги прави овие лица полни со самоконтрола, тактичност и одмереност. Овие лица се подготвени да одговорат на предизвиците работејќи на возбудливи, динамични, несекојдневни, но и крајно одговорни работни задачи. Вработените во Агенцијата за разузнавање се комуникативни, убедливи и продорни, но и вешти слушатели во својата работа.