Официјалниот сувенир на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија е во вид на златен клуч на кој во горниот дел е аплициран грбот/амблемот на Агенцијата, осмокрако дивергентно сонце поставено на кружен штит во златно-жолт и темноцрвен колорит со обратна обоеност на симболите и бордурата. Околу штитот е поставен текстот АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ/INTELLIGENCE AGENCY. Самото тело на клучот во долниот дел формира визуелна претстава на два желада од македонскиот даб (Quercus Macedonica).