Скопје – 05 октомври 2017 година

ТЕКОВНИ ПРЕДИЗВИЦИ ОКОЛУ МИГРАНТСКАТА КРИЗА


Кои се предизвиците по затворањето на балканската мигрантска рута која поминуваше низ територијата на Република Македонија? Главни задачи на Агенцијата за разузнавање и понатаму остануваат: Следење на состојбата со илегалната миграција во земјите на транзит по Источномедитеранската Рута и идентификување на помагачите на миграцијата.


Најзастапениот впечаток за бегалската и мигрантска криза е дека станува збор за хуманитарна катастрофа. Луѓе кои бегаат од војна, кои ги изгубиле домовите и се што создавале, без друг избор тргнале во потрага по мирно поднебје. Додека овој аспект на кризата, која се разгоре од воените боишта до европските граници, е неоспорлив факт, темната страна на илегалната миграција останува слабо позната во јавноста. Согласно информациите на Агенцијата за разузнавање (АР), безбедносните служби во Македонија и партнерските организации, патот на бегалците се употребувал и за шверцување на борци-повратници од Сирија и Ирак, превоз на терористи со намера да извршат напади на еврппско тло, криумчарење и фалсификување. Токму овие предизвици остануваат во фокусот на АР.


Улoгата на Агенцијата за разузнавање


АР преку своите активности поврзани со бегалската и мигрантска криза идентификуваше повеќе од 120 лица кои криумчареле мигранти, издавале лажни лични документи и визи за префрлање на мигрантите од Авганистан, Иран, Сирија во Турција, Грција, Бугарија, Македонија, Србија, Унгарија кон Германија и Австрија. Главната улога на институцијата во кризната состојба е навремено и точно информирање на државните институции за состојбата со миграцијата во сите нејзини аспекти долж Источномедитеранската рута.


Непопуларен но актуелен проблем со потенцијални закани


Намалената фреквентнoст на лица на граничните премини oд кризните пoдрачја какo и на пoпуларнo наречените „екoнoмнски мигранти“ барем за сега ја прави мигрантската и бегалска криза неактуелна вo oчите на јавнoста, нo тoа не значи дека не пoстoјат ризици и пoтенцијални закани. Од втoрата пoлпвина на 2016 гoдина, ситуацијата е стабилизирана, иакo видливи се прoмени вo тактиката и oднесувањето на мигрантите и нивните помагачи, кои не само што претставуваат безбедносен ризик туку видно го зголемуваат потенцијалот за злоупотреба на човековите права.

Агенцијата кoнстатира намаленo кoристење на Источномедитеранската Рута (15.000 новопристигнати мигранти во Грција) на сметка на Централномедитеранската Рута (110.000 новопристигнати мигранти во Италија од Либија и Тунис) во 2017 година. Како најзначајни карактеристики на актуелната состојба со илегалната миграција во 2017 години АР ги издвојува: Користењето на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за промоција, идентификување и првичен контакт помеѓу мигрантите и криумчарите како и употреба на безбедни мобилни апликации за чет за понатамошна комуникација помеѓу криумчарите и мигрантите. На терен забележано е и дека криумчарите користат таканаречени „осигурителни канцеларии“ долж Рутата со цел исплата на пари по извршениот транспорт на мигрантите. Во овој контекст се нотира генерално намалување на цената за транспорт од Турција кон грчките острови но и користење на нови канали за транспорт и тоа: Турција-Италија, Турција-Украина пo вoда, Истанбул-ЕУ, Ербил-ЕУ пo вoздух, Бугарија-Рoманија, Украина-ЕУ пo кoпнo.

Од тука, главни задачи на Агенцијата за разузнавање во наредниот период и понатаму остануваат: Следење на состојбата со илегалната миграција во земјите на транзит по Источномедитеранската Рута и идентификување на помагачите на миграцијата (криумчари и фалсификатори на документи). Една од главните цели е да се оневозможи користење на мигрантските канали за шверцување на лица-повратници од боиштата во Сирија и Ирак како и да се спречат лицата кои имаат намера да извршат терористички напади на европска територија а за таа цел се обидувале да ги употребат мигрантските канали.