Профил на вработен

Вработените во Агенцијата за разузнавање се одликуваат со сплотени карактеристики коишто ги исполнуваат побарувањата на работните задачи. Тие лица се пред сè доверливи, одговорни и лојални и имаат изградено личен интегритет како морални личности. Вработените во Агенцијата се интелигентни и образовани, но и подготвени постојано да ги надградуваат своите знаења и вештини. Динамиката, како дел од нивниот карактер, надополнета со компонентата на свест и совест ги прави овие лица полни со самоконтрола, тактичност и одмереност. Овие лица се подготвени да одговорат на предизвиците работејќи на возбудливи, динамични, несекојдневни, но и крајно одговорни работни задачи. Вработените во Агенцијата за разузнавање се комуникативни, убедливи и продорни, но и вешти слушатели во својата работа.