Поранешни директори на Агенција за разузнавање

д-р Владо Поповски (1995-1999)

д-р Владо Поповски (1995-1999)

Професор д-р Влaдо Поповски е роден нa 21.09.1941 годинa во с. Д. Дупени, Преспa, Републикa Мaкедонијa. Основно обрaзовaние зaвршил во Штип, гимнaзијa и Прaвен фaкултет зaвршил во Скопје. Мaгистaрски студии зaвршил во Скопје нa темa: "Политичките институции нa стaрa Грцијa". Докторирaл нa темa: "Устaвите во мaкедонското нaционaлно-ослободително движење кaко индикaтор зa неговиот држaвотворен кaрaктер" со што се стекнaл со докторaт по историски нaуки. Бил избирaн кaко: aсистент и нaучен сорaботник нa Институтот зa социолошки и политичко - прaвни истрaжувaњa во Скопје; зa вонреден професор нa Филозофскиот фaкултет во Скопје; и зa вонреден и редовен професор нa Прaвниот фaкултет во Скопје. Бил министер зa одбрaнa, министер зa прaвдa, и директор (основaч) нa Агенцијaтa зa рaзузнaвaње нa Републикa Мaкедонијa. Во 1991 годинa бил член нa Стручнaтa групa којa го подготви текстот нa Устaвот нa Републикa Мaкедонијa.

д-р Алекса Стаменковски (1999-2000)

д-р Алекса Стаменковски (1999-2000)

Алекса Стаменковски е роден на 11 Јануари 1952 во Витолишта, Прилеп. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1974 година. Во 1986 година завршил магистерски студии од областа на маркетингот на Економскиот факултет во Скопје. Со титула доктор на економски науки се стекнува во 1992 година исто така на Економскиот факултет во Скопје. Има дваесет и девет години работно искуство во сферата на административните работи сврзани со одбраната, нејзиното буџетирање, планирање, менаџмент и стратешко планирање. За овој работен период извршува работи како раководител на одделение за планирање на одбраната, Советник и помошник на Републичкиот секретар за одбрана, потсекретар во министерството за одбрана, Советник во Владата на Република Македонија, Заменик и Директор на Агенцијата за разузнавање, Раководител на центарот за менаџмент со кризи и професор на Воената академија и Филозофскиот факултет - институт за одбранбени и мировни студии (визитинг професор). Од 2005 е избран за професор на Европскиот универзитет Република Македонија – Скопје, каде што моментално ја извршува функцијата Проректор на Европскиот универзитет.

Драги Гроздановски (2000-2002) (2003-2004)

Драги Гроздановски (2000-2001)

Драги Горздановски е роден 1957 година во Битола. Завршил правен факултет. Гроздановски беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на парламентот, беше претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено и координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Функцијата директор на Агенција за разузнавање ја извршуваше во два наврати во периодот од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година.

Доста Димовска (2002-2003)

Доста Диомовска (2001-2003)

Доста Димовска е родена во Скопје на 17 февруари 1954 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде подоцна работи како стручен соработник. Од 1991 до 1994 била пратеник во Собранието на РМ, во истиот период раководи со парламентарната Комисија за меѓународни односи. Во 1998 година Димовска е избрана за вицепремиер во кабинетот на Љубчо Георгиевски. 27 декември 1999 до 13 мај 2001 година била Министер за внатрешни работи на Македонија. На 25 февруари 2002 година е назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напушта на 5 мај 2003 година. Од почетокот на 2007 година Димовска е назначена за директорка на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија. Функција ја вршеше се до март 2010, кога по претрпениот мозочен удар, почина во Софија на 4 април 2011 година.

д-р Лазе Китановски (2004-2006)

д-р Лазе Китановски (2003-2006)

Лазар Китаноски е роден на 25.04.1948 година во Охрид. Основно, средно образование и Правен факултет завршил во Скопје. Во 1981 година магистрирал, а во 1995 година докторирал во областа на Социолошко – политиколошките науки. Проф. д-р Лазар Китаноски во 1991 година учествувал во работната група што го изготви концептот, како и текстот на работната верзија на првиот Устав на самостојна Република Македонија. Во 2001 година учествувал во Охридските разговори со кои се создадоа политичките услови за запирање на конфликтот во Република Македонија. Бил консултант за повеќе законски проекти и член на правниот совет на Владата на Република Македонија. Во перидот од 1997 до 2006 година бил ангажиран на проекти што се однесуваат на евроатланските интеграции на Република Македонија, особено во областа на безбедноста и одбраната. Ги извршувал следните државни функции министер за одбрана во Владата на Република Македонија (1997-1998), пратеник во Собранието на Република Македонија (1998-2002), советник за национална безбедноста на претседателот на Владата на Република Македонија (2002-2004), советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија (во 2004), директор на Агецијата за разузнавање (2004-2006) и пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2008).

Кире Наумов (2006-2007)

Кире Наумов (2008-2010)

Кире Наумов е родена на 10.01.1971 година. Во 1995 дипломирал на Економскиот факултет, а во 1998 завршил Постдипломски студии на Економскиот факултет, Белград, Србија. Од 1996 – 1997 година е Асистент во финансирањето и контрола на секторот во Агенцијата за трансформација на јавните претпријатија, со општествен капитал, а од 1997 е асистент на Економскиот факултет. Од март 2003 - април 2004 година е економски советник на премиерот на Република Македонија, од мај 2004 е економски советник на претседателот на РМ. Од 21 јули 2006 година до 29 август 2007 година ја извршува функцијата директор на Агенцијата за разузнавање.

Виктор Димовски (2007-2009)

Виктор Димовски (2006-2008)

Виктор Димовски е родена на 26. мај 1959 година во Битола, Република Македонија. 1978-1982 година Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. 1995 до 1996 година образованието го усовршува на Националната школа за администрација (L‘ENA) - Париз – Франција. Од 1982 - 1995 година е вработен во Министерството за внатрешни работи, од 1996-2003 работи во Министерството за надворешни работи каде ги извршува следните функции: 1996-1998 Помошник министер - Раководител на Секторот за Балканот; 1998-2001 Помошник министер - Раководител на Секторот за Југоисточна Европа; 2001-2003 Државен советник; 1998-2000 Национален координатор на Република Македонија за CEI; 1999-2000 Претседател на македонскиот дел од Заедничката Дипломатскa и експертска Комисијата за утврдување на државната граница меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија; 1999-2003 Националeн координатор на Република Македонија за SECI; 2000-2001 претседателот на Комитетот на политичките директори на SEECP; 2003-2007 вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Србија и Црна Гора; 2004-2007 вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија на државата Израел (резидент во Белград). Во септември 2007 година ја превзема функцијата директор на Агенцијата за разузнавање.

Александар Боцинов (2009-2012)

Александар Боцинов (2010-2012)

Александар Боцинов е роден во Пула. Завршил Факултет за политички науки. Работел во Секторот за воено разузнавање во Министерството за одбрана На функцијата директор на Агенцијата за разузнвање е наименуван 10.06.2009 година На местото директор на АР доаѓа од Управата за безбедност и контраразузнавање.

Наќе Чулев (2012-2017)

Александар Боцинов (2010-2012)

Наќе Чулев е роден во Кавадарци. Завршил Факултет за безбедност, Скопје, Р. Македонија. Работел, 1999:Агенција за разузнавање,1999-2003:Оперативен работник во Дирекцијата за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал, 2003-2007:Прв секретар во Амбасадата на Република Македонија во Анкара, Република Турција, Министерство за надворешни работи, 2007-2011:Советник во Дирекцијата за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал, 2011-2012:Директор на Дирекцијата за оперативно разузнавање, 27.03.2012:Именуван за в. д. директор на Агенцијата за разузнавање, 27.03.2013: Именуван за директор на Агенцијата за разузнавање