Скопје – 21 мај 2019 година

СООПШТЕНИЕ


За првпат, Агенцијата за разузнавање, Управата за безбедност и контраразузнавање и Секторот - Служба за воена безбедност и разузнавање од Република Северна Македонија официјално учествуваат на панел-дискусија на НАТО за борба против тероризмот во заедничка организација на Безбедносно-разузнавачката агенција на Република Хрватска – СОА и Безбедносната и разузнавачка агенција на Република Словенија – СОВА во Опатија, Р. Хрватска.

Во текот на дводневните активности, повеќе од 100 експерти од 30 држави и тела на партнерските држави во НАТО ќе разговараат за активностите и мерките коишто се спроведуваат за превенција и спречување на тероризмот.

На собирот учествуваат и директорите на воените и цивилните безбедносно-разузнавачки агенции (одлево надесно): Горан Василевски (Сектор - Служба за воена безбедност и разузнавање на Република Северна Македонија), бригаден генерал Ивица Киндер (Воено-безбедносна разузнавачка агенција на Република Хрватска), Дејан Матијевиќ (Разузнавачка и безбедносна служба при Министерството за одбрана на Република Словенија), Данијел Маркиќ (Безбедносно-разузнавачка агенција на Република Хрватска), Рајко Козмељ (Безбедносна и разузнавачка агенција на Република Словенија), Горан Николовски (Управа за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија) и Зоран Иванов (Агенција за разузнавање на Република Северна Македонија).

www.soa.hr/hr/vijesti/