Цели и надлежности на Агенцијата за Разузнавање


Стратешките приоритети и цели на Агенцијата за разузнавање се утврдени во стратешкиот план за периодот 2015-2018 година, во согласност со утврдените стратешки приоритети на Претседателот и Владата на Република Северна Македонија.


Делокруг на работа

Согласно законот за Агенцијата за разузнавање, со изготвените анализи и информации задолжително се известуваат Претседателот на Република Северна Македонија, Владата и другите државни органи на Република Северна Македонија за теми од нивниот делокруг. Делокругот со надлежности на Агенцијата за разузнавање пропишан во Законот за Агенција за разузнавање опфаќа:

  • рано предупредување, процена и прогнози за тенденциите и можните безбедносни ризици по националната безбедност на РСМ,
  • прибирање податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната, стопанските, политичките и другите витални интереси на државата,
  • прибирање податоци и информации за спречување на меѓународниот тероризам и транснационалниот организиран криминал,
  • анализи и истражувања на податоците и информациите кои се од значење за безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија и за стопанските, политички и други интереси на државата,
  • техничкa поддршка,
  • активности за логистичка поддршка и безбедност во работата на Агенцијата за разузнавање.


Овластување

Според законските одредби за разузнавачко делување, може да се наведат следните овластувања на Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија :

  • вработените имаат право да собираат податоци, известувања и информации од делокругот на работата,
  • вработените на посебни работни места во Агенцијата имаат Службени документи што ја издава директорот,
  • службениците кои поседуваат Службени документи, можат да се идентификуваат кога ги исполнуваат официјалните задачи во Република Северна Македонија.