Директор на Агенција за Разузнавање




Еролд Муслиу ја гради работната кариера во светот на разузнавањето, посветувајќи се на безбедноста и стабилноста на државата. Првично се вработил во Министерството за внатрешни работи, за подоцна да премине во Агенција за разузнавање. Работејќи во двете безбедносно – разузнавачки институции во државата, тој стекнува искуство во водење меѓународна оперативна соработка и операции со партнерски служби на регионално и глобално ниво.

Во текот на својата професионална кариера, Еролд Муслиу заврши бројни меѓународни обуки, курсеви и семинари за оперативно работење, водење сложени разузнавачки операции, тактичко и стратешко раководење со операции, како и за менаџирање и лидерство.

  • Датум на раѓање: 11.09.1969 Кичево, Република Северна Македонија
  • Образование: 1993 Факултет за безбедност Криминалистика
    Работно искуство
  • [мај 2019] Агенција за разузнавање
    Директор на Агенција за разузнавање
  • [2015-2019] Агенција за разузнавање
    Помошник на директорот на АР, задолжен за координација на оперативните работи на агенцијата
  • [2012-2015] Агенција за разузнавање
    Советник на директорот на АР за меѓународна оперативна соработка
  • [2007-2012] Агенција за разузнавање
    Директор на Директоратот за разузнавање на меѓународниот тероризам и организиран криминал
  • [2004-2007] Агенција за разузнавање
    Помошник на директорот на Директоратот за оперативни работи
  • [2000-2004] Агенција за разузнавање
    Главен инспектор за прибирање разузнавачки информации од терен во Директоратот за оперативни работи
  • [1998-2000] Агенција за разузнавање
    Виш инспектор за прибирање разузнавачки информации од терен во Директоратот за разузнавање на меѓународниот тероризам и организиран криминал
  • [1993-1998] Министерство за внатрешни работи Инспектор за контраразузнавање
    Јазици
  • албански – мајчин јазик
  • македонски – одлично познавање
  • англиски – одлично познавање
  • јазици на Балканот – одлично познавање
  • италијански – многу добро познавање
  • француски – добро познавање

    Брачен статус
  • женет, татко на три ќерки