Скопје – 20 април 2018 година

СРЕДБА НА ШЕФОВИ НА РАЗУЗНАВАЧКО-БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИ


СРЕДБА НА ШЕФОВИ НА РАЗУЗНАВАЧКО-БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИ ОД РЕГИОНОТ ВО СКОПЈЕ

Во рамките на процесот Брдо-Бриони, Агенцијата за разузнавање на Република Македонија (АР) организираше средба на шефови на безбедносни и разузнавачки служби во Скопје. Претставниците на службите беа од државите вклучени во процесот. На состанокот се дискутираше за безбедносните закани во регионот, геополитика, како и тековните ризици по регионалната безбедност. На настанот присуствуваа и специјални гости од други земји, кои презентираа свои согледувања и анализи за безбедносните предизвици, дополнувајќи ја вредноста на дискусијата. Средбата е во поддршка на претседателскиот процес Брдо-Бриони а претседателите на државите – учеснички во овој процес ќе бидат информирани за заклучоците од дискусиите. Агенцијата за разузнавање воедно го искористи настанот за одржување и унапредување на регионалната соработка меѓу разузнавачко-безбедносните служби.