Скопје – 13 февруари 2020 година

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Агенцијата за разузнавање изразува жалење за неконструтивниот пристап на опозицијата при донесувањето на новиот закон за Aгенцијата за разузнавање.

Поднесувањето на 1146 амандмани кои се однесуваат само на одложувањето на стапувањето во сила на законот во распон од 2025 до 2027 г. се спротивни на Уставот на Република Северна Македонија каде е регулиран начинот на донесување и објавување во Службен весник на сите закони во државата.
Ваквото нелогично постапување од страна на опозицијата е со тенденција на заштита на личните и партиските интереси, а не на интересите на државата и нејзините граѓани.
Потенцираме дека со овој закон се заокружуваат реформите во безбедносниот систем на Република Северна Македонија чие изготвување е направено со претходна консултација на надлежните институции во државата, академската заедница, партнерските служби од земјите-членки на НАТО и ЕУ и специјализираните тела на Алијансата.
Веруваме дека кај опозицијата ќе преовладаат здравиот разум и свеста и конечно ќе ја препознае важноста од донесувањето на закнот за Агенцијата и ќе ги повлече амандманите.