Скопје – 24 декември 2019 година

ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ


ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

На 24.12.2019, претседателот на Република Северна Македонија, д-р Стево Пендаровски беше во посета на Агенција за разузнавање (АР), придружуван од членови на Кабинетот. Ова е прва официјална посета на претседателот на државата на Агенцијата по неговото назначување за претседател на државата.

Во текот на посетата, претседателот беше запознаен со тековните активности од надлежност на Агенцијата, насочени кон прибирање сознанија за спречување на актуелните хибридни и асиметрични закани за земјата и регинот. Исто така беше презентиран придонесот на АР во исполнување на надворешно – политичките приоритети на државата, ориентирана кон членство во НАТО и ЕУ. Во таа смисла, главниот акцент беше ставен на меѓународната соработка на Агенцијата и динамиката на реализирани билатерални, регионални и мултилатерални средби.

Посебно внимание беше посветено на меѓуинституционалната соработка како особено важен дел при координацијата на активностите на институциите со сродна дејност со Агенција за разузнавање.

На крај, беа образложени активностите на Агенцијата за внатрешно реформирање и донесување нов закон, со цел градење модерна и ефикасна разузнавачка служба, согласно препораките, критериумите и поддршката на НАТО.