Скопје – 07 декември 2018 година

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Вo пoследните некoлку дена во разни медиуми искажани се многу невистини околу работата на Агенцијата за разузнавање.

Најостро ги осудуваме сите овие обиди за вмешување на Агенцијата во кои таа нема активности. Агенцијата постапува според своите законски надлежности.

За сите минати безбедносни настани Агенцијата остварува тесна соработка со Основното Јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи. Поради текот на истрагите сметаме дека вакви слободни и самоволни толкувања на работата на Агенцијата на никого не му одат во прилог.

Во исто време сакаме јасно да укажеме на јавноста дека ако се продолжи со нарушување на основните човечки и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата.

Агенцијата ја подржува кампањата за борбата против лажните вести, но воедно и апелираме дека борбата против лажните вести и манипулации почнува од сите нас.


АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА