На 09.09.2020 г., во официјална посета на Агенција за разузнавање (АР) на Репубика Северна Македонија беше
командантот на мисијата на КФОР, генерал –мајор Микеле Риси, придружуван од неговите соработници.
Ова е прва средба на командант на КФОР со директор на Агенција за разузнавање на Република Северна Македонија
На средбата, директорот на АР Еролд Муслиу и командантот на КФОР, генерал – мајор Микеле Риси дискутираа
за безбедносните прашања во регионот и одржувањето на мирот и стабилноста. Двајцата соговорници се согласија
дека и во време на пандемијата од КОВИД – 19, безбедносно – одбранбените ентитети остануваат подготвени за да
одговорат на безбедносните предизвици, од доменот на борбата против тероризмот и хибридното влијание и закани.