Скопје – 10 мај 2021 година

Известување


Денес, на 10 мај 2021 г., Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање согласно заклучокот усвоен на втората седница на Комисијата за надзор врз работата на АНБ и АР одржана на 27.04.2021. Посетата е прва по формирањето на новиот парламентарен состав, по изборите одржани во јули 2020 г.

Целта на посетата беше пратениците да се запознаат со придобивките од новиот закон за АР, изгласан на 25 јануари 2021 г., местото и улогата на АР во безбедносно–разузнавачката заедница, како и новата организациска структура.

Дополнително, пратениците поставуваа прашања за работењето на Агенцијата, согласно надлежностите на Комисијата утврдени со закон а се разгледаа и можностите претставници на АР да одржуваат безбедносни брифинзи за пратениците од Собранието на РСМ.

Пратениците пројавија интерес во врска со пречките за евроинтеграциските процеси, соработката со другите странски разузнавачки служби, особено околу размената на сензитивни информации поврзани со пандемијата, можните сајбер-напади, како и користењето на социјалните мрежи за пропагандно-разузнавачки активности.

Договорено беше следната парламентарна контрoла да се изврши наесен оваа година.