Скопје – 20 декември 2021 година
Студентите имаа можност да се запознаат со новиот модел на работа на Агенцијата како надворешно разузнавачка служба, што беше воспоставен со новиот закон за АР, и притоа директно да се информираат за организациската структура, надлежностите, целите, активностите како и мисијата и визијата на институцијата.
Во рамки на посетата, студентите проследија четири предавања од високи претставници на Агенцијата за местото и улогата на Агенцијата за разузнавање во македонскиот безбедносно-разузнавачки систем, за меѓуинституционалната и меѓународната соработка, НАТО и меѓународните безбедносни системи, како и за разузнавачко-оперативните аспекти од работењето на Агенцијата.
Воедно, студентите ја посетија музејската поставка во АР при што се запознаа со различните експонати и нивната примена како методи за работа во оперативно-техничките активности како и за историјатот на институцијата.
Денешната посета на Агенцијата за разузнавње е во рамки на Ден во АР, активност во насока на заложбите за поголема транспарентност, отвореност и непосреден контакт преку посети на студенти од сферата на безбедносните студии.