Скопје – 08 февруари 2022 година

Посета на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР


На 08.02.2022, Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање согласно надлежностите, деловникот за работа, како и заклучокот усвоен на третата седница на Комисијата за надзор врз работата на АНБ и АР, одржана на 16.12.2021.

Во рамки на посетата беше направен осврт на новодонесените подзаконски акти кои произлегоа како обврска од новиот закон за АР од 2021, информациите во врска со континуираниот развој и подобрување на човечките капацитети во Агенцијата, активностите во рамките на меѓународната и меѓуинституционалната соработка, родовата еднаквост, дигитализацијата на процесите и на работата во АР.

На средбата, на барање на членовите на Комисијата, АР одржа безбедносен брифинг за членовите на Надзорната комисија, на кој беа разгледани прашања поврзани со безбедносната состојба во регионот, како и актуелните предизвици во регионот, но и пошироко во сферата на евроатлантска зона на одговорност и колективната безбедност на НАТО, вклучувајќи ги тензиите на руско-украинската граница, како и хибридните и асиметричните закани.