Скопје – 29 март 2022 година
Претседателот беше информиран за тековните активности на Агенцијата за разузнавање, како и за нивната меѓународна соработка со партнерските служби и агенции во рамки на меѓународните безбедносни системи и НАТО Алијансата.
За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со спроведувањето на новите подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за Агенција за разузнавање, со предвидените разузнавачко-оперативни процеси во нивна надлежност, и со меѓуинституционалната соработка што ја остваруваат со институциите со сродна дејност во државата.
Во рамки на посетата на Агенцијата, претседателот беше брифиран за прашања поврзани со безбедносната состојба во регионот, актуелните случувања во Европа и пошироко, во евроатлантска зона.