Скопје – 29 март 2022 година
Меморандум за соработка е склучен меѓу Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Агенцијата за млади и спорт, Комората за приватно обезбедување, МаРнет, Македонски Телеком и А1 Македонија.
Меморандумот предвидува соработка на потписниците во делот на преземање на сите потребни мерки за ефикасна борба против феноменот на онлајн радикализација и поттикнување на пријавување на јавни содржини со радикални елементи до надлежните органи.