Скопје – 23 мај 2022 година

Моменти од доделувањето на благодарница за соработка на Агенцијата за разузнавање, од Службата за воено разузнавање


Заменик директорот на Агенцијата за разузнавање Александра Бакревска Додовска присуствуваше на одбележувањето на Денот на воената служба за безбедност и разузнавање кој се совпаѓа и со јубилејот – 30 години постоење на оваа воена служба

На Агенцијата за разузнавање и беше доделена плакета со посебна благодарност за долгогодишната успешна и професионална соработка.

На свеченоста организирана во Домот на Армијата, министерката за одбрана Славјанка Петровска ја истакна важноста од координиран настап и соработка на безбедносните служби во градењето на синхронизиран систем за одговор за справување со тероризмот и хибридните закани.