Криволак – 13 мај 2022 година

Заменик директорот на АР на Денот за високи гости на Криволак за вежбата Swift Response 22


Заменик директорот на АР на Денот за високи гости на Криволак за вежбата Swift Response 22

Александра Бакревска Додовска, заменик директор на Агенцијата за разузнавање денеска беше гостин на армискиот полигон „Криволак“ на Денот за високи гости организиран од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во рамки на мултинационалната вежба „Swift Response 22“, каде беа презентирани воздухопловни десантни операции проследени со падобрански скокови, хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија, Црна Гора, Грција, Албанија и Република Северна Македонија.