Делчево - 7 мај 2022 година
Александра Бакревска Додовска, заменик директор на Агенцијата за разузнавање денес присуствуваше на централната прослава на министерството за внатрешни работи по повод Денот на македонската полиција – 7 мај во Делчево.
Плакетата што министерот за внатрешни работи ја додели на Агенцијата за разузнавање, за особена посветеност, професионализам и успешна реализација на целите од заеднички интерес, е уште еден доказ за квалитетната и динамична соработка на Агенцијата за разузнавање со Министерството за внатрешни работи.