Охрид - 12 септември 2021
Александра Бакревска Додовска, заменик директор на АР денес учествуваше на отворањето на 14-тите по ред Синдикални игри и средби што во организација на Македонскиот полициски синдикат се одржуваат во Охрид. Од денес до недела над 200 вработени во МВР и гостите од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Кипар ќе се натпреваруваат во фудбал, одбојка, пикадо, стрелаштво, шах и атлетика. На настанот присуствуваа: Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој ги отвори игрите, на покана од претседателот на МПС, Марјан Кицев, а во присуство на претседателот на Европските полициски синдикати, Рикардо Валадас, државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.