Скопје – 6 јули 2022 година
Заменик директорот на АР Александра Бакревска Додовска оствари едукативно-дебатна сесија на ЕУРОТАЛК, организирана од Евротинк – Центар за европски стратегии, како дел од заложбата и активноста преземена од Евротинк на тема: „Проактивни агенции за поголема граѓанска доверба“ – Подобрување на стратегиите за јавна комуникација на агенциите од безбедносниот сектор во Северна Македонија – финансиски поддржана во соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ). На сесијата присуствуваа гости од граѓанскиот сектор, главно претставници на „Мрежата 24“ (мрежа на граѓански организации што работи во полето на преговарачкото поглавје 24 на ЕУ: Правда, слобода и безбедност) новинари и претставници на медиумите.
На сесијата се дискутираше за комуникацискиот пристап на Агенцијата за разузнавање кон јавноста, соработката помеѓу граѓанското општество и Агенцијата, како и за начините за зајакнување на довербата помеѓу Агенцијата и јавноста.