Скопје – 05 септември , 2022

Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки


Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во името на Агенцијата за разузнавање, на 05.09.2022 го потпиша Меморандумот за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки.

Меморандумот е потпишан од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов и заменик обвинителот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Ферат Елези.

Агенцијата за разузнавање изразува задоволство и го поздравува потпишувањето на овој Меморандум со кој се утврдуваат меѓусебната координација и соработка како и размената на податоци и начинот на комуникација меѓу институциите, притоа водејќи сметка за заштита на класифицираните податоци за ефикасно и навремено постапување, согласно Законот за рестриктивни мерки.

Со Меморандумот се определуваат активности што ќе придонесат за градење на ефикасен систем на државно ниво во примената на меѓународните рестриктивни мерки, согласно Законот за рестриктивни мерки, хармонизиран со законодавството на ЕУ, меѓународните норми при ООН и другите мултилатерални или билатерални акти што нашата држава ги има потпишано.