Варшава, 27 септември 2022

Заменик директорот на АР на покана на DCAF учествуваше на настан на тема Разузнавање и родова еднаквост


На 27 септември 2022 г., заменик директорката на АР, г-ѓа Александра Бакревска - Додовска учествуваше на посебен настан во рамките на Конференцијата за човековата димензија на ОБСЕ во Варшава, Полска, на покана на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – DCAF.

Настанот имаше за цел да се споделат искуствата од Прирачникот „Разузнавање и род“, објавен од DCAF, Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ODIHR) при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) и Ентитетот за еднаквост на родовите и еманципација на жените при Организацијата на Обединетите нации (UN Women).

Заменик директорката на АР ги истакна предизвиците со кои се соочува АР на тема разузнавање и родова еднаквост, како и придобивките и инспирацијата од Прирачникот.

„АР е мултиетничка и мултикултурна средина, каде се почитува разноликоста. Но, кога станува збор за интегрирањето на жената во разузнавачкит сегмент, вредностите се исти: преовладуваат традиционалните вредности и охрабрување мажите да напредуваат во кариерата. Голем исчекор е направен во интегрирањето на женската перспектива во во сите сегменти на разузнавачкото работење во АР. Но, потребни се уште поголеми чекори. Нашата визија е да влијаеме на веќе постојните ставови во нашето општество дека разузнавањето е вродена особина, која припаѓа единствено на мажите, да ги охрабруваме и да ја зголемиме свесноста кај жените дека имаат еднакви можности како мажите. Да правиме промени, да ги прифаќаме предизвиците и да ги надминуваме предрасудите и препреките“.