Скопје, 04 ноември 2022
Ве информираме дека Агенцијата за разузнавање редовно го информира Народниот правобранител за сите доставени барања, укажувања и препораки. Спротивно на тврдењата на Народниот правобранител Насер Зибери во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 од 03.11.2022 година, Агенцијата смета дека остварува навремена комуникација и соработка.
Дополнително, Агенцијата постапи и по последната Информација од Владата за постапување по обраќања и препораки на Народниот правобранител од октомври 2022 година.
Потенцираме дека Агенцијата во писмената кореспонденција со Канцеларијата на Народниот правобранител, секогаш одговара во најкраток можен рок.
(Оваа изјава е објавена од страна на ТВ21 на 04.11.2022)