Скопје, 22 ноември 2022

Средба на директорот на АР Еролд Муслиу со Дејвид Катлер, помошник генерален секретар за разузнавање и безбедност на НАТО


На 22.11.2022 година, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу оствари средба со помошникот генерален секретар за разузнавање и безбедност на НАТО, Дејвид Катлер.

На средбата се дискутираше за прашања поврзани со новиот Стратешки концепт на НАТО, обврските на Северна Македонија кои произлегуваат од членството во НАТО и важноста од споделување на релевантни, навремени и објективни информации од стратешко значење за безбедноста и интересите на Алијансата.

Градењето отпорност и зајакнатата соработка меѓу сојузниците и партнерите се особено важни за заштита на фундаменталните начела на Алијансата. Беше истакнато значењето на промовирање на вредностите на НАТО во процесот на реформирањето на Агенцијата за разузнавање.

Помошникот генерален секретар беше брифиран за рефлексиите од руската агресија на Украина врз Регионот, обидите за влијание на трети актери врз регионални политичко-безбедносни појави и процеси, како и опасноста од тероризам и другите асиметрични закани во регионот на Западен Балкан.