Скопје, 1 декември 2022

Средба на директорот на АР со командантот на КФОР


На 01.12.2022 година, Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, оствари работна средба со командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча, како континуитет на досегашната соработка меѓу АР и КФОР и е четврта по ред на ова ниво.

Директорот на АР и командантот на КФОР, заедно со своите соработници, разменија информации, мислења и ставови за актуелните безбедносни состојби и процеси во регионот и ја нагласија улогата и значењето на КФОР како главен гарант на мирот и стабилноста во Косово.

Во контекст на актуелниот безбедносен моментум, беше истакната потребата од продлабочување и интензивирање на меѓусебната соработка, преку континуирана и навремена размена на стратешки и објективни информации, како заеднички придонес во справувањето со безбедносните предизвици во регионот.