Скопје – 15 декември , 2022

Директорот на АР меѓу студентите од Филозофскиот факултет


На покана на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје, на 15.12.2022 година директорот Еролд Муслиу, одржа предавање пред студентите и одговараше на нивни прашања.

На почетокот, на студентите им беше презентирана поставеноста на Агенцијата во системот за безедност на Република Северна Македонија и функционирањето на институцијата во услови на зголемени безбедносни предизвици, согласно Стратешкиот концепт на НАТО 2022.

Имајќи го предвид актуелниот безбедносен контекст, директорот Муслиу се осврна на руската агресија врз Украина низ призма на работата на разузнавачките служби.

Пред студентите беа разгледани различните аспекти на актуелниот конфликт и заканите кои се продуцираат во поширокиот евроатлантски простор. Директорот потенцираше дека АР дава свој придонес во Алијансата во следење и размена на информации за агресијата и нејзината рефлексија во регионот. Присуството на директорот на АР ја предизвика љубопитноста кај студентите кои со свои прашања се обидоа да проникнат во работата на разузнавачките служби и подобро да ги разберат актуелните безбедносни појави.