Скопје – 18 февруари 2021 година

Дебата со граѓански организации


Заменик директорот на Агенцијата за разузнавање, Александра Бакревска Додовска, денеска во Центарот за европски стратегии „Евротинк“, учествуваше на едукативно - дебатната сесија #EUROTALK, со претставници на граѓански организации кои работат на прашања поврзани со безбедноста.

На дебатата, г-а Бакревска говореше за позитивните очекувања кои произлегуваат од усвојувањето на новиот закон за АР, а се отворија и прашања поврзани со реформскиот процес на безедносно-разузнавачките служби. Воедно, дел од темите опфатени на дискусијата беа и механизмите за надзор и контрола над работата на Агенцијата, како и безбедносните придобивки на земјата од членството во НАТО.

Настанот беше организиран со поддршка на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор DCAF, како дел од активностите за поддршка на граѓанскиот сектор во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот сектор во Северна Македонија (2017-2020).“