Скопје – 16 март 2023 година

Посета на студенти во рамки на проектот Ден во АР


Студентите од Факулетот за безбедност

Студенти од Факулетот за безбедност

Студенти од Факултетот за безбедност – Скопје (на 14.03.2023) и од Факултетот за детективи и безбедност при АУЕ-ФОН (на 16.03.2023), ја посетија Агенцијата за разузнавање (АР) во рамки на проектот Ден во АР.

Студентите имаа можност да се информираат за законот на АР, донесен во 2021 г. со кој се воспостави нов модел на работа на Агенцијата, што ја дефинира како служба надлежна за надворешно разузнавање која собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и сознанија за закани од странство.

Во тој контекст, гостите се запознаа со организациската структура, целите, активностите, надлежностите како и начелата на работа по кои АР се води, почитувајќи ги правата и слободите утврдени со Уставот и законите.

Во рамки на посетите, студентите проследија предавања од раководните лица на Агенцијата за местото и улогата на АР во македонскиот безбедносно-разузнавачки систем, за меѓуинституционалната и меѓународната соработка, за НАТО и останатите меѓународни безбедносни платформи, како и за разузнавачко-оперативните аспекти од работењето на Агенцијата.

Студенти од АУЕ-ФОН

Студенти од АУЕ-ФОН

Предавањата се базирани на целосна вклученост на студентите преку поставување прашања и водење дискусии на темите, односно на целосен интерактивен пристап.

За време на престојот, студентите имаа можност да ја разгледаат и музејската поставка во АР при што се интересираа за различните експонати и нивната примена како методи за работа во оперативно-техничките активности како и за историјатот на институцијата.

Посетите на Агенцијата за разузнавaње се во рамки на Ден во АР, активност во насока на континуираните заложби за поголема транспарентност, отвореност и непосреден контакт, преку посети на студенти од сферата на безбедносните студии.