Скопје, 01 јули 2023

Средба на директорот на АР со Командантот на КФОР


На 01.07.2023 година, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, оствари средба со командантот на КФОР, генерал- мајор Анџело Микеле Ристуча.

На средбата, тие разговараа за актуелната безбедносна состојба во регионот и ја истакнаа улогата на КФОР како главен гарант за мир и стабилност на Косово.

Во контекст на последниот развој на безбедносен план беше нагласена потребата од навремена размена на информации во справувањето со безбедносните предизвици во регионот.