Скопје, 26 јули 2023
Денес, 26.07.2023 година, Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР престојуваше во Агенцијата за разузнавање каде од страна на директорот и неговите соработници беа информирани пратениците за актуелните приоритети на АР. Притоа, посебен акцент беше ставен на Дијалогот Белград-Приштина и рефлексиите врз регионалната безбедност, состојбите во БиХ, но и за европските перспективи на државата во контекст на глобалните безбедносни предизвици.
Пратениците покажаа интерес за повеќе прашања, а посебно околу системите „Пегасус“ и „Предатор“, безбедноста и заштитата на граѓаните од вакви софистицирани системи, како и носителите на јавни функции, при што Агенцијата потврди дека со такви системи не располага.
Од страна на пратениците беше позитивно оценета средбата и добиените одговори на поставените прашања од страна на АР.