Скопје, 08 ноември 2023
На 8 ноември 2023 година, заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање Александра Бакревска-Додовска присуствуваше на „Конференцијата за надзорната улога на Народниот правобранител над разузнавањето и безбедноста“, настан организиран во координација меѓу Народниот правобранител на Република Северна Македонија и ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор. Конференцијата се реализира во рамки на Програмата за секторски реформи во Република Северна Македонија (2021 – 2026), имплементирана од ДЦАФ, а финансирана од Европската Унија, Холандија, Шведска и Швајцарија.
Целта на Конференцијата беше зајакнување на улогата на Народниот правобранител како надзорен чинител над разузнавањето и безбедноста, како и размена на најдобрите европски практики во однос на надзорната одговорност на Народниот правобранител над разузнавачките и безбедносните институции. На Конференцијата беше ставен фокус на најдобрите практики од регионот и пошироко.
Во делот на меѓуинституционалната соработка, АР има редовна комуникација и кореспонденција со Народниот правобранител во однос на законската обврска како државен орган, за квартално известување за постапувањата по обраќања и препораки на Народниот правобранител.