Скопје, 22 декември 2023
На 22 декември 2023 година 50 студенти од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ ја посетија Агенцијата за разузнавање. Посетата се реализира во рамки на проектот „Ден во АР“ воведен со цел на студенти од сферата на безбедносните студии да им се овозможи непосреден контакт со институцијата и нејзините надлежности.
Најпрвин, тие се запознаа со музејската поставка во АР и преку експонатите во музејот добија слика за примената на различни методи во оперативно-техничките активности во разузнавањето, како и за историјатот на институцијата.
Раководни лица од АР на студентите им овозможија сознанија за местото на Агенцијата за разузнавање во безбедносниот систем во Република Северна Македонија и елаборираа елементи од разузнавачкиот циклус.