Скопје, 05 март 2024 година

Студенти-питомци од Воената Академија во наставна посета на Агенцијата за разузнавање


Агенцијата за разузнавање на 5 март им овозможи наставна посета на дваесет студенти-питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Наставната посета е дел од програмата на студентите-питомци по предметот „Основи на национална безбедност“ за 3-та година и се оствари во рамки на проектот „Ден во АР“ кој повеќе години се реализира во Агенцијата за разузнавање.

Најпрвин, студентите имаа можност да ја разгледаат музејската поставка во АР при што се запознаа со различните експонати и нивната примена како методи за работа во оперативно-техничките активности како и за историјатот на институцијата.

Питомците потоа проследија предавање од раководни лица на Агенцијата за местото и улогата на АР во македонскиот безбедносно-разузнавачки систем. Понатаму, беа запознаени со меѓуинституционалната и меѓународната соработка на АР, како и за разузнавачко-оперативните аспекти од работењето на Агенцијата.