Скопје, 29 март 2024
По повод 29-годишнината од формирањето на Агенцијата за разузнавање, Претседателот на Република Северна Македонија денес оствари протоколарна посета на Агенцијата.
Раководството на Агенцијата го информираше Претседателот за работата на АР во изминатата година, особено за тековните работи во меѓународната и оперативната соработка со сојузничките служби, надградба и модернизација на капацитетите и ресурсите на АР и процесот на обука на нови кадри.
Беа презентирани сите успешно реализирани цели согласно Стратешкиот план 2021-2024 година, Годишната програма на АР, како и понатамошните предвидени активности во периодот што следува.