Скопје – 10 февруари 2021 година
Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, денеска, во просториите на Агенцијата за раузнавање, потпиша Меморандум за соработка со директорот на Агенцијата за национална безбедност, д-р Виктор Димовски.
Меморандумот претстаува основа за соработка и размена на податоци и искуства со цел зачувување на суверенитетот, самостојноста, територијалниот интегритет и уставниот поредок на Република Северна Македонија, размена на податоци за актуелни политички и безбедносни состојби нарегионално ниво, размена на искуства во примената на информатичките технологии, информатичката безбедност и криптозаштита, размена на искуства за соработка со меѓународни институции и организации, соработка во доменот на стручното оспособување и усовршување и користење на стручни кадри, реализација и учество на специјализирани обуки, како и организирање на настани во интерес на двете институции со цел промовирање на заедничките активности.