Скопје, 28 јуни 2024
На 28.06.2024 година, Претседателката Гордана Силјановска Давкова донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за именување на Ивана Стојановска за заменичка директорка на Агенцијата за разузнавање.
Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.