Скопје, 18 февруари 2025 година
На 18 февруари 2025 г., претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари прва работна посета на Агенцијата за разузнавање. За време на посетата, на претседателката Сиљановска-Давкова ѝ беше претставен Годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2024 г. како и тековните и среднорочните регионални и национални безбедносни закани, ризици и предизвици.
Претседателката Сиљановска-Давкова, во разговор со раководството на Агенцијата, се запозна со оперативните, аналитичките, техничките и кадровските капацитети и можностите за нивно понатамошно унапредување.
За време на посетата на претседателката се разговараше и за 30-годишнината од донесувањето на првиот закон за Агенција за разузнавање, што соодветно ќе биде одбележана во март годинава.