Скопје, 10 март 2025 година
На 10.03.2025 година, во рамки на проектот отворен ден, Агенцијата за разузнавање ја посетија студенти/питомци од Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Универзитет „Гоце Делчев - Штип“.
На студентите им беа одржани предавања за надлежноста на Агенцијата и нејзината улога во зачувување на безбедноста на државата и разузнавањето како циклус. Исто така им беше презентирана и музејската поставка со експонатите изложени во неа.