Скопје, 12 март 2025 година

Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување, спроведе основна обука за заштита и спасување при непогоди


На 12.03.2025 година, Центарот за обука при Дирекцијата за заштита спасување, спроведе основна обука за заштита и спасување при непогоди, на дел од вработените во Агенцијата за разузнавање.

Обуката беше спроведена во два дела: теоретски дел и практичен дел.

Теоретскиот дел опфати предавања поврзани со функционалната поставеност на системот за заштита и спасување, пребарување затрупани лица од плитки урнатини, евакуација и гасење почетни пожари.

Практичниот дел се состоеше од вежби за гасење пожар со ПП апарати.

Обуката беше успешно реализирана.