Скопје, 10 април 2025 година

Надзорна посета во Агенција за разузнавање


На 10 април 2025 г., Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање оствари прва надзорна посета во Агенција за разузнавање во новиот собраниски состав, по парламентарните изборите одржани во мај 2024 г.

За време на посетата, членовите на Комисијата поставуваа прашања за кадровските, материјалните и техничките капацитети на Агенцијата и се запознаа со стратешките приоритети и новата организациска структура.

Дополнително, членовите на Комисијата беа брифирани и за континуираната меѓународна соработка на Агенцијата, како и за новите можности за билатерална и мултилатерална соработка, во прилог на исполнување на надворешно политичките приоритети на државата.

На крај, се донесе заклучок дека Комисијата почесто ќе остварува надзорни посети во Агенцијата за разузнавање.