Скопје – 19 април 2021 година

Жална вест


Со длабоко жалење и голема тага ја примивме веста за смртта на директорот на Воениот музеј, Александар Стојчев.

Тој беше вработен во Агенцијата за разузнавање од самото нејзино основање и даде огромен придонес во втемелувањето на основите на Агенцијата, секогаш подготвен за соработка, полн со ентузијазам, ведар дух и добрина.

Во 2017 под негово водство беше уредена музејската поставка во Агенцијата кога уште еднаш дојдоа до израз неговата креативност и посветеност.

Во овие тешки моменти за неговото семејство, би сакале да упатиме изрази на длабоко и искрено сочувство.